
Во борбите во Сирија против силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, деновиве е убиен уште еден Косовец, јави дописникот на МИА.
Според порталот Индексонлајн, станува збор за лице од Качаник.
Иако точната бројка не се знае, се смета дека во Сирија се борат најмалку 300 млади Косовци.
Од ноември минатата година, кога во борбите во Сирија беше убиен првиот Албанец, по потекло од Приштина, досега во оваа блискоисточна земја животите ги загубија над 20 Албанци.
Меѓу убиените Албанци се тројца од Македонија. Лани во мај беше убиен 28-годишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија. Тој замина за Сирија осум месеци пред да биде убиен и се борел во редовите на исламистичкиот Фронт „Ал Нусра“. Потоа беше убиен оџата од Скопје, Сами Абдулаху, а во средината на август и Имер Ниметула, алијас Абу Зијат (38) од скопското село Грчец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


