
– Ги замолуваме луѓето во врвот на СДСМ пред да пуштат вакви соопштенија да се обидат да размислуваат, зошто не само што се закопуваат себе си, туку ја закопуваат и и штетат на државната позиција на Република Македонија. Зоран Заев и Радмила Шекеринска незнаејќи што повеќе да направат, се прават себе си поголеми европјани и од европјаните, па со тоа ги верифицираат грчките позиции спрема Македонија и нанесуваат огромна штета. Очигледно е дека СДСМ, односот помеѓу Република Македонија и Република Грција го гледа како обично нарушување на добрососедските односи. Нешто што не е точно, бидејќи Република Македонија ги исполнува сите критериуми за членство во Европската Унија, а грчката позиција е спротивна на сите европски процедури и практики – реагираше ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ во кое се вели дека Заев и Шекеринска не разговарале со еврокомесарот Штефан Филе за детали за спорот со името.
СДСМ врати – хистеричните реакции на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ говорат за паничниот страв на премиерот, јавноста да не дознае, за што всушност Груевски преговара и има прифатено во преговорите околу името.
Тие бараат премиерот Груевски да кажел каков е последниот предлог на Нимиц и што прифатила македонската Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


