| четврток, 6 декември 2018 |

Заев кажа, СДСМ го коригира (видео)

Zoran-Zaev-9

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагираше на медиумските известувања за средбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и потпретседателката, Радмила Шекеринска, со еврокомесарот Штефан Филе.

СДСМ во реакцијата го дообјаснува ставот на лидерот на партијата Зоран Заев искажан вчера во Брисел:

„Дополнително, македонско-грчкиот дијалог не смее да се сведе само на спорот со името. Токму затоа претседателот Зоран Заев предложи зголемување на соработката околу искористување на средствата од програмата на ИПА за погранична соработка, поттикнување на економската соработка, како и соработката во други области, со што би се отворил простор за повеќе билатерални средби на највисоко ниво. На средбата воопшто не се разговараше за какви било детали поврзани со преговарачкиот процес околу проблемот што Грција го има со нашето уставно име, што е логично бидејќи опозицијата не учествува во тој процес“, стои во денешната реакција од СДСМ.

СДСМ денеска во реакцијата вели дека воопшто не се разговарало за какви било детали поврзани со преговарачкиот процес околу проблемот. А, што кажа Заев вчера? Еве ја изјавата на лидерот на СДСМ интегрално:

Разговаравме посебно по две теми. Една од темите е внатрешните реформи во Република Македонија и, секако, проблемот со името поврзан со Грција. Пред сѐ јасно нагласивме дека очекуваме јасно да се постигне договор со власта во делот на разграничување на партијата со државата што јасно го има  како препорака во извештајот на ЕК и, секако, сите други регулативи што изборното законодавство мора да ги предвиди. Истовремено зборувавме за слободата на медиуми, што, исто така, е препорака во делот на внатрешните реформи на РМ. Побаравме од Европската комисија да го искористи грчкото претседателство за подиректно да се вклучи во решавање на долгогодишниот проблем. Нотиравме неколку идеи како би можело да се случи тоа, за секако да конвергираме до конечната цел, да се најде решение. Но, секако, очекуваме дека она коешто зависи од Република Македонија, пред сѐ од нас како политички партии од власта, секако и од опозицијата, ќе биде решено и надминато“, се вели во изјавата на Заев.

Прашањето сега е кој лаже? Заев или СДСМ, зборувале за името или не?! Или партијата повторно го коригира својот лидер, кој е познат по своите гафови…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top