| четврток, 6 декември 2018 |

Маја Блажеска не е убиена, потврди охридската полиција

мајаСпоред охридската полиција 14- годишната Маја Блажеска од селото Лешани, Дебарца, чие тело беше пронајдено на Илинска планина, не е убиена. Портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски категоричен е дека „не се забележани никакви траги на насилство“.

Потенцира дека и обдукацијата го потврдила она што на самото место го констатитале инспекторите и јавниот обвинител дека нема траги на насилство врз починатата Блажеска. Нејзината смрт била предизвикана од смрзнување.

СВР-Охрид и натаму е во контакт со Јавното обвинителство, доколку се побараат дополнителни мерки.

Блажеска исчезна и во ноември.  Потоа се врати дома, за на почетокот на декември повторно да исчезне. Засега единствено се знае дека последниот телефонски сигнал од нејзиниот телефон бил лоциран во реонот на Дебарца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top