Косовските медиуми информираат дека во борбите во Сирија учествувале околу 200 косовски Албанци.Тие таму заминале преку Турција.
Косовскиот министер за правда Хајредин Кучи за „Коха диторе“ изјави дека моментално се работи на амандманот кој би влегол во Кривичниот закон за да се спречи понатамошно регрутитање на косовски граѓани за војување во странство.
Приштинскиот весник пишува дека бројот на Албанци кои заминале во Сирија е 200, повикувајќи се на извор од „косовската тајна служба“. Тој извор тврди дека многу од нив се разочарани, бидејќи гледале дека Муслиманите се убиваат меѓу себе во име на Бога.
Истиот извор наведува дека во четвртокот во градот Алепо во Сирија бил убиен Албанец од Качаник и дека станува збор за чеврт борец кој загинува во војна во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации