| четврток, 6 декември 2018 |

Венгер тргна по Џексон Мартинез

dzekson martinez

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, изборот во потрагата по напаѓач, по сѐ изгледа, го насочи кон извонредниот колумбиски голгетер од редовите на Порто, Џексон Мартинез.
Францускиот тренер неколку пати нагласи дека му е потребен нов напаѓач во тимот и сериозно размислува да го засили својот тим со играч на таа позиција уште во зимскиот преоден рок.
Повредите на Волкот, Бендтнер, Подолски и Жиру го натераа Венгер да доведе играч уште во јануари.
Најсериозен кандидат е фудбалерот на Порто, кој со своите игри ги воодушеви челниците на лондонскиот тим. Во комбинација за трансфер во Арсенал се споменува и фантастичниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Бразилецот Диего Коста, кој има откупна клаузула во договорот од 31 милион евра. Сепак, тренерот на Атлетико тешко би се откажал од услугите на својот најдобар играч оваа година бидејќи Атлетико е рамо до рамо со гигантите Барселона и Реал Мадрид за освојување на титулата во шпанската Примера дивизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top