Аце Јоновски
роден: 29.12.1980 година
тежина: 104 кг
висина: 200 см
клуб: РК Металург
позиција: лев бек
Јоновски почнал да тренира ракомет од својата 14. година. Прв клуб му е „Струга“ од Струга. Јоновски до сега настапувал за „Струга“, „Пелистер“, „Вардар ПРО“, „Ст.Гален“, „Босна“, „Силкеборг“. Во редовите на „Металург“ е од 2010 година. Јоновски, во разни категории, до сега има одиграно 125 натпревари за нашите селекции.
Тој во разговорот со „Република“ вели дека атмосферата во тимот од ден на ден е сè подобра, повредите на Наумче и на Лазаров биле голем шок за сите, но и покрај тоа што тие многу ќе фалат, се надева дека со една голема пожртвуваност и ако одделни играчи преземат поголема одговорност на себе, сето тоа ќе се покрие.
– Од ова Европско првенство искрено очекуваме прво пласман во второто коло, а потоа таму играме во групата на смртта, навистина многу тешка група, не би издвојувал, нема калкулации, сите репрезентации се рамноправни. Со една голема пожртвуваност, со срце на терен во второта група може да направиме нешто, а и спортски е да се надеваме – изјави Аце Јоновски.
Целиот разговор погледнете го на следниот линк на „Република ТВ“.
Слушнете ги предвидувањата и очекувањата на Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски,
Ванчо Димовски, Никола Митревски, Немања Прибак и Борко Ристовски.
Разговараше: Владо Оцевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.