Холивудската актерка Камерон Дијаз ѝ призна на јавноста дека користела ботокс, но дека резултатот воопшто не ѝ се допаднал.
– Во минатото пробав ботокс и ужасно ми го изобличи лицето. Не сакав така да изгледам. Подобро да остарам отколку да имам лице кое не ми припаѓа – рече Камерун.
Таа, исто така, додаде дека по ова искуство таа ги засакала нејзините брчки кои настануваат од смеење.
– Ги сакам и не ми сметаат. Тоа покажува дека сум се смеела цел живот. Го сакам животот, среќна сум и немам проблеми со тоа – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.