Поранешниот играч на Балтимор рејвенс, Демјен Бери, одлучи да го понуди на аукција шампионскиот прстен што му припадна лани, што е ретка можност за колекционерите да си купат трофеј од НФЛ.
Интересно во целата приказна е што Бери воопшто нема настап за Балтимор иако беше член на клубот. Пристигна во редовите на Рејвенс во 2011 година, лани беше повреден, но, и покрај отсуството од терените, Бери си доби шампионски прстен.
На шега, но и со многу горчина, симпатизерите на Балтимор велат дека досега воопшто и не го познавале Бери иако бил дел од Рејвенс, а сега ќе го паметат долго бидејќи го продава драгоцениот прстен. Тој е изработен од злато од 3,75 карати, а има и мошне вредни дијаманти на него.
– Ова е ретка можност за навивачите и за колекционерите да купат ваков вреден подарок, само една година откако е освоен шампионскиот прстен – изјави Кен Голдин, сопственик на акционерската куќа „Голдин“ која ќе го продава прстенот на Бери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.