| четврток, 6 декември 2018 |

Убил четворица поради недозволена љубов

Четири лица се убиени со огнено оружје од нивен соселанец во селото Ѓонмад кај Корча во Албанија поради недозволена љубов, пренесе „Макфакс“.

Настанот се случил во вторникот навечер кога 37-годишниот албански државјанин Башким Лопалари во куќата на семејството Мечолари ги обил сопружниците Белон (31) и Манијола Мечолари (30), и Реџеп(57) и Валентина (53) Мечолари.

Полицијата информираше дека има индиции дека убиецот имал интимни врски со Манијола, која инаку била сопруга на неговиот вујко.

Медиумите наведуваат дека истрагата тврди дека убиецот го извршил  делото во пијана состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top