Турските медиуми на големо пишуваат дека Роналдињо веќе потпишал договор со истанбулски Бешикташ.
Меѓутоа, договорот сѐ уште не е официјално потпишан, но само прашање на време е кога 33-годишниот Бразилец официјално ќе стане фудбалер на турскиот великан. Непосредно пред потпишувањето на соработката, Бешикташ мора да исполни 10 барања кои ги поставија Роналдињо и неговиот менаџер.
1. Годишна плата од 6 милиони евра
2. Процент од продажбата на дресови со негово име
3. Бонуси и премии за добри резултати
4. Девет авионски карти годишно за неговото семејство
5. Автомобил со возач и покриени трошоци за гориво
6. Платени домашни помошници
7. Телефон и мобилен со покриени трошоци на сметка на клубот
8. Дополнителни парични износи во случај ако касни платата
9. Можност за трансфер по една година
10. Право да ги задржи личните спонзори
Останува да видиме дали страните ќе успеат да се договорат и наскоро да дадат официјална потврда на овој трансфер и враќањето на Роналдињо во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.