| четврток, 6 декември 2018 |

Колумбијците по грешка им пратиле кокаин на Германците наместо банани

banani-kokain500

Германската полиција заплени големо количество кокаин, откако по грешка на нарко дилерите, сандаците со банани во кои била сместена дрогата биле испратени во супермаркети.

Вработените во пет продавници низ Берлин биле изненадени откако ги отвориле сандаците со банани и пронашле вкупно 140 килограми кокаин.

kokain-banani501

Шефот на берлинскиот оддел за борба против наркотици синоќа изјави дека сандаците стигнале од Колумбија преку германското пристаниште Хамбург, како и дека дрогата е откриена сосема случајно и дека шверцерите најверојатно направиле „логистичка грешка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top