| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја во парламентарни избори – се очекува стопроцетна победа на приврзанците на Ким Јонг-Ун

severna korea

На 9 март во Северна Кореја ќе се одржат избори за Врховното народно собрание, јавуваат севернокорејски медиуми.

Тоа ќе бидат првите парламентарни избори под раководство на Ким Џонг-Ун, а целта ќе биде зацврстување на неговата власт по отстранувањето на неговиот чичко Џанг Сон- Тек, кој беше една од најмоќните фигури во земјата до неговото егзекутирање пред неколку недели.

Јужнокорејската претседателка Пак Гуан-Хе неодамна случувањата во Северна Кореја ги опиша како „доминација на теророт“.

Сегашниот состав на парламентот е избран во март 2009 година.

Јужнокорејскиот институт за стратегија за национална безбедност смета дека изборите ќе дадат претстава за идната структура на властта во Северна Кореја и ќе покажат дали ќе има промени во кампот на Џанг, како и за промените меѓу политичките елити и технократите во земјата.

Севернокорејското Врховно народно собрание е највисока институција на врховната власт, што има овластувања да го менува Уставот, да одобрува буџет и да изршува именување на високи држави позиции, вклучително Националната комисија за одбрана.

Парламентарни седници има еднаш или двапати годишно. Тие се добро оркестрирани и се фокусираат на прашања поврзани со буџетот, а законите по традиција се донесуваат едногласно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top