
Околу двесте илјади автомобили на „Опел“ од моделот „корса“ ќе мора да одат на сервис поради фабричка грешка, која предизвикува корозија на долниот дел на хаубата, пренесе „Економски лидер“.
Од компанијата соопштуваат дека автомобилите мора да бидат подложени на сервис поради проблемот со продирање вода во хаубата и корозијата што може да произлезе од тоа. Оваа операција опфаќа 183.455 возила, коишто се произведени во периодот меѓу 2010 и 2012 година.
Доколку има потреба, од компанијата велат дека ќе вршат замена на хаубата поради спречување натамошно продирање вода во внатрешноста на хаубата. Дополнително ќе се изработат отвори низ коишто ќе истекува водата, а хаубата и внатрешноста ќе се заштитат со восок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


