| четврток, 6 декември 2018 |

Никој не се плаши повеќе од „црвените ѓаволи“, Манчестер јунајтед реди порази

Манчестер јунајтед продолжи со бледите игри во новата сезона под команда на Дејвид Мојес, а нов пораз најтрофејниот клуб во Англија претрпе  вечерва од Сандерленд.

Популарните „црни мачки“ од Сандерленд не се уплашија од моќните „црвени ѓаволи“ и победија со 2-1 во првиот полуфинален дуел од Лига купот на Англија. Гигс си постигна автогол, израмни Видиќ, а победа на Сандерленд му донесе Борини со гол од пенал.

Манчестер јунајтед викендов испадна од ФА купот со шокантен пораз дома од Свонси со идентични 1-2, како и вечерва против Сандерленд. Во второто полуфинале во Лига купот утре ќе играат Манчестер сити и Вест Хем.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top