| четврток, 6 декември 2018 |

Бегалец се вратил в затвор заради студот (Видео)

Влегол во мотел и на рецепција замолил да повикаат полиција

затвореникЗатвореникот Роберт Вик (42) побегнал од затворот во Кентаки во недела, но заради студот кој ја погоди државата брзо се предомислил и се јавил во полиција. Затворската управа посочи дека Вик на себе имал само пантолони маичка и јакна, што сепак е премалку за температура од 20 степени под нулата.

Затвореникот кој побегнал, влегол во еден мотел и замолил на рецепција да повикаат полиција. Посочил дека сака да се предаде заради студот. Освен топлина, во затворот добил и лекарски преглед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top