| четврток, 6 декември 2018 |

Почна ли снимањето на „Твин Пикс 2“ (Видео)

Дејвид Линч најави дека влегува во преговори за снимање на продолжение  на култната ТВ-серија „Твин Пикс“.

Серијата почна да се прикажува во 1990 во САД, а заврши една година подоцна, по 30 епизоди.  Заради својата популарност стана дел од поп-културата, а делови од неа може да се најдат во стрипови, видео-игри, филмови, музика. во текот на втората сезона почнува да и паѓа гледаноста, па затоа и е укината.
„Твин Пикс Промо. Режија Дејвид Линч. Снимањето почнува во Лос анџелес во вторник, 7 јануари“- се вели во поканата до актерите преку интернет.

Сепак, некои велат дека се работи за посебно Блу-Реј издание кое би требало да се појави кон крајот на годината

Од друга страна, Линч и самиот неколку пати говорел како му е жал што попуштил под притисокот на станицата ЕН-БИ-СИ (NBC), која барала од него набрзина да ја прекине приказната за Лора Палмер. Дури ниту филмот од 1992 “Twin Peaks: Fire Walk With Me” не ги задоволи следбениците.

Меѓу оние најави кои кружат по интернет, се и сеќавањата на духот на Лора Палмер која во една епизода на агентот Дејл Купер му вели „Се гледаме повторно за 25 години“.twin-peaks-links-wallpaper

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top