| четврток, 6 декември 2018 |

Французи ги киднапираа директорите (видео)

bossnapp2-articleLargeЗаложничка драма во  фабриката за гуми Гудиер (Goodyear). Работниците во компанијата во францускиот град Амијен, ги затвориле двајцата директори во канцеларијата за конференција. Синдикатот информираше дека генералниот и кадровскиот директор се спречени да си заминат по исклучително тешкиот состанок со вработените. Во текот на денот, директорите сепак беа пуштени, откако бројна полиција влегла во дворот на фабриката.

 

„Грабнувањето на директори“ стана честа појава во Франција во 2009 година, кога кулминираше економската криза, но оттогаш ретко имало ваков случај. Компанијата веќе пет години настојува да ја преструктуира или да ја затвори фабриката во Амијен, северна Франција, што беше оневозможувано од насилни протести на вработените, загриженоста на владата и продолжената процедура за отпуштање на работници во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top