| четврток, 6 декември 2018 |

Нуланд: Му помагаме на Нимиц

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Викторија Нуланд изрази надеж дека ќе се најде заемно прифатливо решение за спорот со името и додаде дека САД му помага на Нимиц

10089657311Се надеваме дека лидерите на Македонија и на Грција ќе најдат заемно прифатливо решение за прашањето за името и ќе ги искористат напорите на амбасадорот Метју Нимиц да постигнат напредок, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Викторија Нуланд во врска со посетата на посредникот на ОН на Скопје и на Атина.

Нуланд изјави дека САД отсекогаш ги поддржувале напорите на Нимиц за решавање на долгогодишниот спор.

– Кога тој бара од нас да помогнеме, ние се обидуваме да бидеме корисни. Секогаш ги следиме неговите посети на Скопје и Атина, и очекуваме да слушнеме дали има нешто ново – изјави Нуланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top