| четврток, 6 декември 2018 |

Албанската ПДП се враќа на политичката сцена

pdpПДП повторно ќе се појави на политичката сцена како самостоен правен и политички субјект – најавил поранешниот заменик претседател на Партијата за демократски просперитет, Мухамед Халили. Според Порталб основачкото собрание на партијата, ќе се одржи до крајот на месецов.

– Заедно со некои албански интелектуалци правиме големи напори оваа партија повторно да се создаде, а целта ни е да се врати во Македонија соодветната политика за Албанците во земјава. Ние сме подготвени за нови избори – најави Халили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top