| четврток, 6 декември 2018 |

Барокна фасада на зградата со број 9 на „Никола Вапцаров“

barokcentar1

Започнува уште еден проект за промена на надворешниот изглед на зградите во центарот на Скопје. Зградата на улицата „Никола Вапцаров“ бр.9 ќе биде првата што ќе добие „барокна“ фасада, што ќе се реализира врз основа на изработениот архитектонски труд на авторите Жарко Чаушевски и Звонко Ставрески.

Градот Скопје потпиша договор со градежната компанија „Бауер БГ“ за реконструкција на фасадата на објектот, зафат за кој е предвидено да се потрошат 22.850.372 денари или околу 370 илјади евра – објави Буилд.

Покрај оваа зграда, првенство при реконструкцијата ќе им се даде и на објектите со број 2-4 и 12 на улицата „Никола Вапцаров“, оние со број 22-24 на булевар „Димитрие Чуповски“ и со број 25, 35 и 001 на улица „Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top