Железничката станица „Битола“ во Битола има нова фасада, внатрешно е уредена, а наскоро ќе биде извршено и свечено пуштање во употреба на реконструираниот објект.
Со реконструктивниот зафат на новиот лик на фасадата задржана е спомен плочата од 1960 година која потсетува на големиот генерален штрајк на железничарите од 1920 година, заменет е кровот, подовите, внатрешните ѕидови, а поставена е и нова термичка изолација.
железничка станица битола Железничката станица во Битола е градена кон крајот на 19. век како дел од линијата Битола-Солун, за да ги поврзе двата најголеми градови во европскиот дел на османлиската империја. Во 1911 година со воз од Солун преку Воден, на железничката станица во Битола пристигнал султанот Мехмед V. Подоцна е изградена и линијата кон Прилеп и Велес, забележале битолските хроничари.
Железничката линијата кон Солун е затворена за сообраќај во 1984 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.