| четврток, 6 декември 2018 |

И Штип тагува по Еузебио, „црниот пантер“ беше гостин на Брегалница во 1978 година (фото)

И Штип тагува по светската фудбалска легенда Еузебио, кој почина на 72-годишна возраст од срцев удар. Португалскиот ас, родум од Мозамбик беше една од централните фигури во 60-те и 70-те години од минатиот век. Во залезот на кариерата популарниот Реи, или кралот како што го нарекуваа беше гостин и во Македонија во Штип, на спектакуларното простуваше на Драгослав Шекуларац, уште една фудбалска икона, родум од Штип.

Шеки се простуваше, на гости му дојде Еузебио со својата екипа Њујорк Иглс, а се играше ревијален натпревар меѓу американскиот состав и Брегалница.

Стадионот во Штип, немаше доволно капацитет да ги прими сите заинтересирани да ги видат мајсториите на Еузебио, Шекуларац, Џаиќ, Сантрач, Еду… сите големи асови на тоа време.

euzebio3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top