| четврток, 6 декември 2018 |

Данецот што ни ја зема победата во Белград, нема да игра на ЕП во Данска?! (видео)

EHF EURO 2012 handball championship game Denmark - Macedonia (FYROM)

Горчлив за Македонија беше триумфот на Данска над нашата селекција во Белград на 17 јануари 2012 година. На неверојатен начин во последната секунда на асистенција на Микел Хансен, Ханс Линдберг ни даде гол за победа од 33-32, што ни ја одзеде шансата да играме полуфинале против Шпанија. Мошне незгоден за противниците, а клучна алка во брзиот, динамичен и модерен стил на игра на домаќините е десното крило Линдберг. Но веројатно Македонија годинава по сите незгоди има и среќа. Селекцијата која во групниот сегмент ќе игра во друштвото со Македонија, Чешка и со Австрија, го отпиша Николај Маркусен поради проблеми со коленото, неизвесен е и Расмус Лауге Шмит, а на оваа листа се најдоа уште левото и десно крило, Андрес Егерт иЛиндберг. Крилниот играч на Хамбург е несигурен бидејќи го напуштил теренот на пријателскиот натпревар против Франција, по што повторно не влегол да игра.

Селекторот на Данците, Улрик Велбек, најави дека ќе почека да види ќе може ли да смета на услугите на Егерт и на Линберг.

Во меѓувреме, повикан е Патрик Вајсмах, кој добро се снаоѓа на двете крилни позиции.

Инаку Линдберг игра за актуелниот европски првак Хамбург и со 821 гол е меѓу најдобрите стрелци во клупската историја на ХСВ. Можеби овојпат против него се и годините, ги има 32, но се уште игра на врвно ниво. Контрите и полуконтрите му се специјалитет, а лани беше прв стрелец во Лигата на шампионите со 101 погодок и најзаслужен за првата титула на Хамбург. Пред него топ-стрелец во елитното клупско ракометно натпреварување беше Хансен како член на АГ Копенхаген, по што станува јасно колку опасен ќе биде двоецот расни стрелци во селекцијата на Данска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top