| четврток, 6 декември 2018 |

Атланта му одговори на фанот на Антиќ: Знаев дека македонските навивачи се „луди“

antici

Скопјанецот Иван Менкиноски е големиот фан на капитенот на кошаркарската репрезентација, Перо Антиќ, кој преку ноќ доби слава со испишување порака на своето тело наменета за Шекил О’Нил и Чарлс Баркли, со цел настап на крилниот центар на Атланта хоукс на претстојниот Олстар-викенд, следниот месец во Хјустон во натпреварот наречен „Ѕвездите во подем“, каде што НБА-легендите се во улога на тренери на двата тима. За необичниот потег на Менкиноски е објавена сторија на официјалната интернет-страница на „јастребите“, каде што авторот потенцира дека знаел дека македонските навивачи се „луди“, но дека потегот на Иван треба да се смести во сосема посебна категорија на навивачка лудост.

mkd-99634

Менинковски  на своето тело напиша:

Драги Шек и Чак, ако го изберете Перо Антиќ да настапи на „Ѕвезди во подем“на олстар-викендот, тогаш ќе допатувам во САД и ќе ги косам вашите тревници до крајот на сезоната, вклучувајќи го и плејофот, и тоа користејќи само – ножички за сечење нокти“.

mkd-99635

Во одговорот до Менковски и пријателите е нагласено дека кампањата е упатена на погрешна адреса. Во одговорот е потенциран начинот на избор на кошаркарите што настапуваат во делот од олстар-викендот наречен „Ѕвездите во подем“, во кој силите ги одмеруваат најдобрите дебитанти, со најдобрите играчи што се втора сезона во НБА-лигата. О’Нил и Баркли воопшто немаат удел во селектирањето на учесниците. Според правилата, помошниците-тренери во НБА-екипите со своите гласови ги избираат најдобрите 18 кошаркари, и тоа девет дебитанти и исто толку од играчите со една година поголемо искуство, по што легендарните кошаркари прават мини-драфт и си ги одбираат своите фаворити.

Поради тоа, според авторот на текстот на интернет-страницата на „хоукси“, пораката на Менкиноски треба да биде упатена до сите помошници-тренери, но тоа автоматски значи и повеќе тревници за косење за посветениот фан на Антиќ.

Извор: МКД.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top