| четврток, 6 декември 2018 |

Агатангел: Да се радуваме и да го воспеваме и ние денес новородениот Христос

agatangel-500

Митрополитот Повардарски Агатангел од седиштето на Епархијата во Велес по повод Рождеството Христово – Божик упати Божикно послание до православните верници.
– Да се радуваме и да го воспеваме и ние денес новородениот Христос кој се јави за да донесе меѓу луѓето слога и братска љубов. Бог се симна на земјата за да му даде можност на човекот да се воздигне високо на небесата. Да се радуваме и веселиме зашто беа послушани од Бога молитвите наши и се исполнија зборовите на Отецот небесен искажани на нашите праволители Адам и Ева по нивниот престап дека ќе дојде времето кога ќе биде испратен Месија меѓу луѓето за да го помири со Бога грешниот човечки род, рече тој меѓу другото во посланието.

Митрополитот Повардарски Агатангел во годината нова 2014, најави и осветување на новот црковен храм во Велес посветен на Светите браќа Кирил и Методиј.

– Се надевам дека овој храм ќе биде место каде денешните и идните генерации македонски православни христијани на Бога ќе му принесуваат дела на побожност, добродетели и благочестлив живот. Искрено се надевам дека македонското православно семејство ќе постане мала црква со многудетни рожби кои ќе бидат и образ на нашето благочествие, потенцира Митрополитот Повардарски Агатангел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top