| четврток, 6 декември 2018 |

Агатангел ќе присуствува на протестот, но нема да го предводи

Владиката Агатангел нема да го предводи вечерашниот протест за одбрана на државата и идентитетот на нацијата. Иако шесте патриотски здруженија најавија дека на чело на протестниот марш ќе застане тој, повардарскиот митрополит Агатангел за „Макфакс“ вели дека ќе биде учесник, но не и предвоник.  Тој сакаше да одговори на прашањето зошто не го почитува генералниот став на МПЦ дека свештените лица не смеат да се мешаат во политиката.

„Вие гледајте си ја вашата, јас мојата работа“, рече кусо владиката Агатангел и го прекина повикот.

МПЦ преку владиката Тимотеј неодамна за „Макфакс“ излезе со став дека не е работа на црквата да се занимава со спорот за името.

„Наше е да шириме мир, љубов и разбирање меѓу луѓето, а не да работиме на нивно разидување“, рече владиката Тимотеј.

Протестот ќе започне во 18 часот пред ЕУ инфо-центарот, од каде што демонстрантите ќе се упатат кон Собранието. Тие имаат барање да се стави крај на преговорите за името со Грција, повлекување на законот за јазиците, поништување на договорот со Бугарија, како и ослободување на притоврените за настаните во Собранието на 27 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top