| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид не се откажува од титулата (видео)

Реал Мадрид не се откажува од титулата во Шпанија и со победа од 3-0 против Селта, вечерва, го задржа приклучокот со водечкото дуо Барселона и Атлетико Мадрид.

Карем Бензема го проби одбранбениот бедем на гостите од Виго со прв погодок по еден час игра, а потоа Кристијано Роналдо со два гола ја запечати четиринаесеттата победа на „кралевите“ во 18 натпревари.

Реал Мадрид остана на третата позиција со 44 бода, 5 помалку од Барселона и градскиот ривал Атлетико.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top