Германската канцеларка Ангела Меркел падна додека со своите двајца телохранители беше на крос-кантри скијање во близина на познатиот швајцарски скијачки центар Сент Мориц. Поради пукнатини на карлицата предизвикани од падот, Меркел ќе мора да одмара три недели, а според германските медиуми, причината за несреќата на канцеларката веројатно се старите скии, кои таа ги користи повеќе од 20 години.
Според весникот „Бунте“, Меркел ги користи истите скии, што поради носталгија, но и поради гордост. Имено, моделот „Гермина Алфа ЦС“ се произведувал од 1992-95 година во Германија, а компанијата ги рекламира со фотографија токму од германската канцеларка со слоганот „Не е најнов модел, но е германски“.
Од компанијата велат дека Меркел сепак би требало да земе и нов пар, бидејќи дрвените скии, какви што таа користи, после десет година драстично ја губат ефикасноста.
Детали за несреќата во Швајцарија сѐ уште нема, а нејзиниот портпарол само кратко изјави дека паднала при мала брзина.
Ангела Меркел е инаку голем љубител на планините и често ги посетува Алпите, во зима за скијање, а лете за планинарење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


