Бразилскиот ас Кака повторно потврди дека е големо засилување за Милан и со два гола им помогна на „росонерите“ да ја прекинат низата од три меча без победа со триумф од 3-0 над Аталанта. За Кака тоа беа стотиот и 101 гол за Милан. Кристанте го постигна третиот погодок за фаворитот, кој сега со 22 бода е во средината на табелата во Серија А на десеттата позиција.
All Goals – Milan 3-0 Atalanta – 06-01-2014… by beingoal
Вонредното 18 коло во Италија го одбележаа домашните екипи со 7 победи и само едно реми и еден пораз, тој на Удинезе од Верона со 1-3.
Ветеранот Лука Тони блеска сезонава и со два погодоци го урна Удинезе. Итурбе само ја потврди победата на Верона, екипа што е најпријатно изненадување во калчото. Со 32 бода новиот прволигаш е на петтата позиција.
Резултати, 18. коло, денеска: Наполи – Сампдорија 2-0 (Мертенс 53 и 62), Милан – Аталанта 3-0 (Кака 35 и 65 и Кристанте 67), Удинезе – Верона 1-3 (Переира 43 – Тони 8 и 39, Итурбе 70), Катанија – Болоња 2-0 (Бергесио 23, Лоди 66 од пенал), Џенова – Сасуоло 2-0 (Џилардино 28 од пнеал, Бертолачи 45), Парма – Торино 3-1 (Маркиони 34, Лукарели 44, Амаури 70 – Имобиле 21).
Вчера: Киево – Калјари 0-0, Фиорентина – Ливорно 1-0 (Родригес 66), Јувентус – Рома 3-0 (Видал 17, Бонучи 48 и Вучиниќ 77 од пенал). Вечерва од 18,30 часот играат Лацио и Интер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот


