| четврток, 6 декември 2018 |

Захариев најави референдум за средствата од самопридонесот на штипјани

Штипскиот градоначалник Илчо Захариев денеска најави дека во 2014 година Штип ќе биде градилиште и дека ќе биде спроведен референдум за пренамена на средствата од самопридонесот, кои скоро две децении не се користат и се на посебна трезорска сметка.

drugite-napishaa-i-kazhaa-za-ilcho-zahariev-

Соопшти дека референдумот за пренамена на средствата од самопридонесот се планира да се спроведе заедно со претседателските избори.

Според Захариев, приоритет за градот е со над 60-те милиони денари да се изгради водоводната линија два, која ќе обезбеди доволно вода за индустриските зони, бањско-рекреативниот центар Кежовица и за неколку населби во Штип.

– Мислам дека тоа се пари на граѓаните кои треба да одлучат каде да одат тие средства. Убеден сум дека граѓаните ќе дадат позитивно мислење овие пари да се насочат за водоснабдување, бидејќи имаме цели населби во нашиот град кои немаат доволно вода, односно немаат доволен притисок, а и обновата на тие линии е приоритетна, изјави Захариев кој денеска ги честиташе Бадниик и Божик.

Самопридонесот се реализираше од 1992 до 1997 година кога граѓаните издвојуваа месечно по два отсто од платите за изградба на хидроакумулација на Козјачка Река. Подоцна оваа идеја се напушти. Претходно имаше два неуспешни референдума. Првиот се одржа во 2000 година, кога заостанатите 90 милиони денари од самопридонесот беше предложено да се искористат за изградба на спортска сала за 3.000 гледачи. Во 2004 година се гласаше на референдум дали средствата треба да се пренаменат за изградба на вештачко езеро на реката Отиња. Одлуката за спроведување на третиот референдум за пренамена на средствата од самопридонесот заедно со претседателските избори треба да ја донесе Советот на Општина Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top