| четврток, 6 декември 2018 |

Захариев: На штипјани во 2013-та им ветив 124 проекти, а реализирав 450

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Штип, Илчо Захариев кој е и актуелен градоначалник, во интервју за Алфа вели дека сите проекти од неговата програма за минатите избори ја реализирал во само една година.

Вети 124 проекти, а реализира 450. Токму тоа, вели, е доказ за посветеноста со која работи за да ги реши проблемите на штипјани.

-Во програмата со која настапив на локалните избори во 2013-та година имав 124. Сите тие ги завршив уште во првата година. Програмата моравме да ја надоградуваме. Сфатив колку Штип бил запустен во последните 50 години, малку се правело и градот ни стагнираше на сите полиња. Тоа се случуваше за време на транзицијата и пропаѓање на целиот град, на индустријата. Ме разочара каква инфраструктура затекнав во овој град и колку малку се правело во претходниот период. За целиот мој мандат од 4 години завршивме 450 проекти. Се асфалтираа 160 улици во градот, направивме инфраструктура до сите рурални места, ја уредивме реката Отиња, направивме мултимедијален Центар. Ја средивме бањата Кежовица, направивме нов пазар, комплетно ја преуредивме филтер станицата, Брегалница ја направивме достапна до нашите граѓани, градиме обиколница и нов мост на реката Брегалница. Направивме многу водовои и канализации во сите населби, многу паркови, 39 спортски терени од кои 20 нови, истакна Захариев.

Тој вели дека поддршката која граѓаните ќе му ја дадат на 15-ти октомври ќе биде нов мотив  знаењето и посветеноста да ги претворат во нови дела и Штип конечно ќе блесне во целиот сјај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top