| четврток, 6 декември 2018 |

Следното „Ел класико“ во попладневен термин

Следното „Ел класико“ ќе се игра во попладневен термин, нешто што е невообичаено за дуелите меѓу Барселона и Реал Мадрид.

Реал кој треба да гостува на „Камп Ноу“ бараше од шпанската федерација да се игра во петок на 1. март, а причина е густиот распоред на кралскиот клуб. Реал треба да игра против Манчестер јунајтед на 5. март.

Челниците на Барселона не го прифатија предлогот на лутиот ривал и како компромисно решение го предложија саботниот термин на 2. март од 16 часот.

Овие два клуба заедно со Атлетико Мадрид и Севилја во шпанската „Примера дивизија“ речиси никогаш не играат во терминот од 16 часот поради ТВ правата. Како најатрактивни клубови во Шпанија, заедно со Валенсија, за овој квинтет речиси редовно се загарантирани поатрактивните вечерни термини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top