Стотина Македонци со православна вероисповед вечерва го запалија бадникарскиот оган во населбата Венец во близина на брегот на дебарското езеро.
Стариот кум и тазе пензионер Владо Трајаноски го предаде кумството на новиот кум Ацо Коларовски откако малата Ана Коларовска имаше среќа да го добие парчето со бадникарски леб во кој беше паричката.
Во достоинствена атмосфера со по малку блага ракија и што дал господ дебарчани вечерва ја продолжија традицијата.
фото и текст Бошко Трајаноски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


