
Пратеничката од ДУИ, Ермира Мехмети Деваја се развела од својот сопруг, дипломатот Шенол Деваја, објавија албански медиуми. Како што посочува Република на албански јазик пратеничката и заменик амбасадорот во Тирана не се заедно веќе три месеци.
Според информациите кај Деваја сега е и нивниот син, сопругот не дозволувал Ермира да го види детето. Нема потврда, но поради ова се подготвувала и смена на дипломатот и негово враќање назад, за возврат.
Ермира Мехмети и Шенол Деваја се венчаа во 2009 година. Тој е брат на сопугот на градоначалничката на Тетово и поранешна вицепремиерка Теута Арифи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


