| четврток, 6 декември 2018 |

Густа магла на патот Штип- Неготино, видливоста намалена на 20 метри

magla_na_pat

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во Републиката  се одвива тековно по наместа влажни коловози, соопшти ЈП Македонијапат.

Намалена видливост поради магла : Тетово – Попова Шапка видливост 100м., Велес- Скопје видливост 100м. и Штип- Неготино видливост од 20-30 метри.

Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top