Премиерлигашите Челси и Ливерпул со по два постинати погодоци успеаа да се пласираат во четвртото коло од Англискиот ФА куп.
Челси важеше за фаворит на гостувањето кај Дерби и со двата гола во вториот дел на Џон Оби Микел и Оскар победија со 2-0. Жозе Мурињо на теренот излезе со комбиниран состав на теренот и се до 66 минута не успеа да го скрши отпорот на незгодниот Дерби. По двете измени и влегувањето во игра на Торес и Оскар работите си дојдоа на свое место.
Ливерпул исто така со два гола во вториот дел успеа да го победи Олдам со голот на Аспас и автоголот на Таровски.
Во последниот дуел од третото коло во ФА купот се среќаваат Манчестер Јунајтед и Свонси.
Jon Obi Mikel Goal – Derby Vs Chelsea 0-1 (FA… by manchesterfansr
Oscar Goal – Derby County vs Chelsea 0-2 – 05… by manchesterfansr
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



