Австралискиот ветеран Лејтон Хјуит го изненади Роже Федерер во финалето на турниор во Бризбејн со 2-1 (6-1, 4-6, 6-3) во сетови. Иако важеше за фаворит Федерер одигра под очекувањата во финалето и не ги повтори игрите од претходните мечеви на овој турнир.
Во првиот сет Федерер направи дури 22 неизнудени грешки и поразот беше неминовен. Во вториот сет Роже одигра како во досегашните натпревари и го доби сетот со 6-4. Кога се очекуваше да направи целосен пресврт во мечот швајцарецот рано го загуби својот сервис и му овозможи на австралискиот ветеран да направи брејк и искусно да го сочува да крајот на сетот за победа на домашен терен.
Ова е прва титула за Хјуит од 2010 година. Со оваа победа тој на следната ранг-листа на АТП ќе се искачи за 17 места и ќе биде на 43 место во пресрет на првиот грен-слем годинава Австралија опен кој почнува на 13 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.