Свети Наум му бил најблизок соработник на Климент и на светите браќа Кирил и Методиј. Со нив тој бил заедно во нивната мисија во Моравија. Потоа некое време престојувал во престолнината на Бугарија, Плиска, а најпосле дошол да биде учител во охридско, во времето кога Климент станал епископ. Потоа тој основал манастир на Охридско езеро, денешниот Свети Наум, каде ги поминал последните 10 години од животот. Мирно се успокои во Господа, како монах, во 910 година. Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни. Затоа кај нас особено лекарите-психијатри го имаат за свој заштитник.
Заштитник е на градот Охрид, а денеска именден прославуваат Наум, Наумче, Науме, Наумка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


