| четврток, 6 декември 2018 |

Надал го освои првиот турнир во годината

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во финалето на турнирот во Доха го победи францускиот тенисер Гаел Монфилс со 2-1 (6-1, 6-7, 6-2) во сетови.
Во првиот сет Надал фуриозно го почна мечот и со одлична игра на сервисот на противникот го осови со 6-1.
Францускиот тенисер се врати во вториот сет и имаше предност од три гема, но до крајот на сетот ја загуби предноста и сетот се решаваше во тајбрејк. Монфилс успеа да го осови и да го израмни натпреварот на 1-1 во сетови.
Сепак најдобриот тенисер на светот Рафа Надал ја повтори играта од првиот сет и експресно го доби третиот сет со 6-2 и го осови турнирот.
Ова е првпат Надал да го освои овој турнир и да ја продолжи серијата од претходната година. На само 10 дена од почетокот на првиот гренслем Австралија Опен покажа одлична игра и е главен фаворит за освојување на овој турнир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top