| четврток, 6 декември 2018 |

Коивуранта е среќен победник во Инсбрук

koivuranta

Финскиот ски скокач Анси Коивуранта е победник на третата скокалница од новогодинешната турнеја „четири скокалници“. Овој пат скокачите се натпреваруваа во Инсбрук.
Финецот беше среќен победник бидејќи тој водеше по првата серија на скокови со еден метар пократок скок (132.5 метри) од второпласираниот швајцарец Симон Аман. Втората серија не беше завршена кога организаторите го прекинаа натпреварувањето поради силниот ветер. Тие одлучија како официјални резултати да ги регистрираат поените од првата серија.
На третото место се пласираше полскиот натпреварувач Камил Штох кој прескокна 126.5 метри. Сензационалниот победник од втората скокалница во Гармиш Партенкирхен, Австриецот Томас Дитхарт заврши на петтата позиција.
Во Генералниот пласман по три натпреваувања води Аман пред Дитхарт.
Последната скокалница на која ќе се натпреваруваат скокачите од оваа турнеја е Бишофсхофен на која ќе скокаат на 6. јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top