| четврток, 6 декември 2018 |

Германецот Фројнд е победник на првиот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Германецот Северин Фројнд е победник на првиот натпревар од 64-то изнание на традиционалната Новогодишна турнеја „Четири скокалници’’ во ски-скокови.

На скокалницата во германскиот ски-центар, Оберсдорф, Фројнд заработи најмногу бодови за скоковите од 126 метри во првата и 137.5 во втората серија.

Зад него на второто место се пласираа, Михаел Хајлбоех од Австрија со скоковите од 130 и 139, додека како трет заврши Петр Превц од Словенија со скоковите од 129.5 и 130 метри.

Превџ си 624 бодови е водечки во Генералниот пласман во Светскиот куп, а денешниот победник Фројнд е втор со 499.

Следниот натпревар е одново во Германија, на првиот ден во Новата година, кога најдобрите ски-скокачи ќе се натпреваруваат во Гармиш-Партенкирхен.

Австриските ски-ценри, Инсбрук и Бишофсхофен, ќе бидат домаќини на 3-ти и 6-ти јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top