Ерсте Груп Банк АГ Виена купи државни хартии од вредност во износ од 10 милиони евра.
Купопродажната трансакција беше склучена на секундарниот пазар помеѓу Шпаркасе банка Македонија АД Скопје и Ерсте Груп Банк АГ Виенна, односно беше извршена препродажба на хартиите од вредност што Шпаркасе ги имаше купено од државата.
Интересот за купување на државни хартии од вредност издадени на домашниот пазар од страна на странските инвеститори јасно укажува на зголемената доверба и угледот кој Република Македонија го ужива во меѓународното опкружување и помеѓу странските инвеститори.
Побарувачката за домашните државни хартии од вредност од страна на странските инвеститори на пазарот на капитал според економистите е доказ за стабилноста на македонската економија, како и за позитивните економски перспективи на земјава.
Пред два месеци и реномираната кредитна агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ББ+ стабилен, водејќи се од економскиот раст на земјава и проекциите за раст во иднина, но и ниското ниво на јавен долг.
Нискиот јавен долг и економскиот раст на земјава беше нотиран и од страна на мисијата на ММФ и Светска банка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.