Од ВМРO-ДПМНЕ реагираат на соопштението на СДСМ велејќи дека јасно се гледа дека тие говорат и баратаат со парите и милионите како со кило краставици и продолжуваат да тресат од ракав суми кои на луѓето им изгледаат далечни. Според нив, тоа е така, најверојатно заради самиот факт што нивното раководство плива во милиони, па заради тоа за нив е сеедно дали се 6 или 7, или се 60 или 200 милиони, тие само си тресат празни суми и празни обвинувања.
Ова уште еднаш покажува дека СДСМ се однесува несериозно и за нив вредноста на кажаниот збор е еднаква на нула.
– Ние уште еднаш прашуваме, каде оделе парите предходно во време на СДСМ, кога немаше ни градби, ни гаражи, ни субвенции, ни нови клинички центри, ни нови патишта, училишта, водоводи и канализации, спортски сали, немаше ниту покачувања на пензиите и платите и ниту една нова фабрика во Република Македонија“, стои во реакцијата на владејачката партија.Од таму се прашуваат што СДСМ правеше со парите од граѓаните. И тогаш, како и сега луѓето плаќаа даноци. Сега се гради насекаде, а тогаш никаде. Каде завршуваа парите од граѓаните кога СДСМ беше на власт?
Наместо да тресат бројки од ракав, потценувајќи го народот и сите нас, СДСМ нека одговори каде одеа парите во нивно време, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)