| четврток, 6 декември 2018 |

Се урна зграда во Индија, 7 загинати, 40 заробени под урнатините

Најмалку седум лица загинаа денеска во јужниот дел на Индија по уривање на петкатна зграда, кој се уште била во изградба.

Како што е соопштено, уште 40 луѓе останале затрупани под урнатините во индиската држава Гоа. Несреќата се случила во Канакон, на околу 70 километри од Панаџија, главниот град на Гоа.

Претставник на локалната полиција изјави дека се уште се обидуваат да утврдат колку луѓе се наоѓале на местото на несреќата.

Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините, обидувајќи се да стигнат до затрупаните луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top