| четврток, 6 декември 2018 |

Се сеќавате на Даниел Албрехт? Падна како Шумахер, преживеа и повторно скијаше (видео)

Михаел Шумахер е надвор од животна опасност по тешкиот пад во Мерибел, Франција, додека скијал со својот син, а се очекува наскоро лекарите да го разбудат од вештачката кома во која се наоѓа познатиот Формула 1 ас. Шуми паднал и удрил во карпа на необележена патека за скијање, и веднаш беше пренесен во болницата во Гренобл. Оттаму нема потврда за подобрување на состојбата на 7-кратниот светски шампион во Ф1, но пријател на Шумахер објави дека лекарите му пренеле добри вести.

Во слична ситуација како и Шумахер со стравичен пад на патеката во Кицбил, Австрија, мина швајцарскиот репрезентативец Даниел Албрехт. Се сеќавате ли на неговиот опасен лет од цели 12 метри во височина и директен пад на глава во 2009 година, на спустот на опасната патека во Кицбил?. Албрехт исто како и сега Шумахер имаше контузија на мозокот, беше во индуцирана кома, но успеа да се избори за ѓивот и повторно се врати во натпреварите од Светскиот куп во скијање. Секако не во истата форма, но најважно е што преживеа.

„Преживеав со истите повреди што ги има и Шумахер. Кога се разбудив бев пресреќен. Добро е и што немаше никакви последици“, вели Албрехт.

Кај Шумахер работите ги отежнува хематом на мозокот и крварењето, поради што е остранет еден дел од черепот, за да се намали отокот.

„Дани немаше крварење на мозокот, туку само контузија. Во случајот на Шуми има и мора брзо да се реагира, бидејќи што повеќе време минува, можно е да има поголеми последици. Дури кога ќе се разбуди од кома, почнува рехабилитацијата која трае долго. Албрехт беше во болница два месеци, а заздравувањето траеше со години“, изјави за австриските медиуми, Ханс Спринг, докторот на швајцарската скијачка репрезентација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top