Недостиг на комуникација меѓу институциите е еден од главните проблеми, а тоа се покажа во последната несреќа на Галичица, во која настрада 40 годишниот албански државјанин.
Спасителната екипа на Црвениот крст, составена од професионални алпинисти, луѓе обучени за спасување во непристапни планински терени, последни од медиумите разбраа за инцидентот.
Откако сите институции заминаа на местото на несреќата спасителите кои го носат целиот товар за евакуација на настраданите, се жалат дека слушнале од медиумите.
Сега починатиот Албанец, кој се лизна и падна во бездна од 300 метри височина кај Зли Дол во близина на врвот Томорус, го преживеал падот и ударот во дрвото. Бил жив и барал помош од пријателите, кои иако се симнале да му помогнат не можеле ништо да направат. На повредите им подлегнал после два и пол часа.
– Во една нормална држава со хеликоптер би се извела една ваква акција. Се јавивме преку МВР и побаравме да биде организирана ваква акција, но ни беше кажано дека временските услови не го дозволуваат тоа. Кога се качивме на Магаро видовме дека времето и не е така лошо. Тоа може и сами да го видите од фотографиите. Не сум пилот, но знам дека горе имаше сонце. Можеби ако навремено се интервенираше можеби и имаше некакви шанси и да преживее, вели Антонио Додевски, член на спасувачката екипа.
Спасителната екипа на Црвениот крст постои и работи од 2006 година, без никаква помош од државната и локалната власт. На сопствен трошок, со сопствена опрема, спасуваат животи во планина.
– Акцијата беше сложена бидејќи самиот настан се случи на поголема надморска височина, а пристапот до телото на настраданиот беше тежок поради снегот и мразот. Отидовме со наше патничко моторно возило и наше гориво. Никој не не прашува како функционираме, како се снаоѓаме а за нашите активности не сме добиле ниту благодарност. Ние ги ризикуваме нашите животи, додава Додески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун