Енрике Игезијас кој однеодамна е можеби најпосакуваниот ерген откако го напушти тенисерката Ана Курникова во интервјуто за „New York Post“ проговорил за своите мани, објави порталот „Плус инфо“. Прво спомнал дека сака да оди да се капе во морето гол кога нема папараци во близина. На прашањето дали некогаш се капе потполно гол, Енрике одговорил:
-Нема да ви кажам бидејќи тоа би ја уништило мојата кариера. Но, нема баш многу за покажување.
Неговата искрена исповед не застанала овде. На прашањето кои се неговите квалитети, но и најголемите мани, Иглезијас почнал да зборува за својот пенис.
– Мојот најголем дефект се наоѓа под мојата половина – рекол Енрике и додал: „Мислам, не, не е тоа мојот најголем дефект, но малку ми е искривен“.
Енрике, кој е слободен маж, дури неколку недели после 12 години врска, веројатно со овие изјави нема да привлече бројни убавици.
Да потсетиме, пејачот и тенисерката раскинаа, бидејќи на Ана ѝ здодеало да чека Енрике да ја запроси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


