Пејачот Енрике Иглесијас и поранешната руска тенисерка Ана Курникова раскинаа по 12 години врска. Иако пред неколку месеци најавија дека ќе се венчаат, двојката одлучи да стави крај на врската.
Ана и Енрике раскинаа бидејќи 38-годишниот пејач не бил подготвен да се жени и покрај најавата за свадба, пренесува „Њујорк пост“.
Според пишувањата на медиумите, тие требало да се венчаат во средината на мај во нивната куќа во Мајами, но до тоа не дојде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


