| четврток, 6 декември 2018 |

На Курникова и здосади да го чека Енрике

Се шушка дека врската на пејачот Енрике Иглесијас и поранешната тенисерка Ана Курникова е на стаклени нозе.

Според пишувањето на американските медиуми на 31-годишната Курникова и се „здосадило“ да го чека Енрике со кој е во врска 12 години да ја одведе пред олтарот.

-Во врска се 12 години, и неа и е доста чекање. Ќе го остави Енрике ако тој не преземе нешто набрзо. Заедно се многу долго, а Ана има чуство дека брак никогаш нема да има. Спремна е да продолжи понатаму- вели пријател на Курникова.

Тие двајца се запознаа во 2001. на снимањето на спотот за неговата песна „Ескејп“, а од тогаш се неразделни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top